| |
Православен календар:
Преподобен Гаврил Лесновски ; Преподобен Павле Тивејски;
|
 |
|
| |
|
| |
ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ: ПРОГРАМАТА НА ВМРО - ДПМНЕ ЌЕ БИДЕ СО ТОЧНИ РОКОВИ ЗА РЕАЛЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ 13.05.2011 |
| |
|
Програмата на ВМРО - ДПМНЕ има точни пресметки, рокови, носители, начини и бенефити за секој проект, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на градежните работи за проширување на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Тој посочи оти секој проект што ќе биде ставен во изборната програма ќе биде детално опишан.
- Детално ги разгледувавме и ги анализиравме проект по проект, така што на крај не ни беше тешко да напишеме кој е носител, кој ќе биде рокот, кога ќе почне и кога ќе заврши проектот..
|
| повеќе |
|
| Вести |
Вести |
|
|
| |
|
|
| |
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ВАСКО НАУМОВСКИ И АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА АЛАН БРАЈАН БЕРГАНТ ЈА ПРОМОВИРААТ СЛОВЕНИЈА 13.05.2011 |
|
| |
|
|
| |
Убавините на Словенија изразени преку нејзините култура и традиција, досегашната соработка со Македонија и поддршката што како земја членка на Европската унија ја дава во македонските евроатлански интеграции, беа промовирани денеска пред МК-ЕУ инфо центарот во акцијата за промоција на државите членки на ЕУ, како дел од активностите Денови на Европа.
Специфичностите на Словенија и причините да ја посетат македонските граѓани ги истакнаа македонскиот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски и словенечкиот амбасадор во Скопје Алан Брајан Бергант.
|
|
| |
повеќе
|
|
|
|
|
| |
|
|
| |
ВИКТОР ОРБАН: ИНТЕРЕС НА ЕУ Е МАКЕДОНИЈА ШТО ПОБРГУ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО 12.05.2011 |
|
| |
|
|
| |
Македонија и припаѓа на Европа и европски интерес е таа што поскоро да ги започне преговорите за членство во Европската унија. Унгарија како претседавач и понатаму ќе го држи високо на дневниот ред почнувањето на овие преговори што поскоро, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по денешната средба во Скопје со претседателoт на македонската Влада Никола Груевски.
Орбан истакна дека Македонија веќе шест години е земја со кандидатски статус што значи дека нема сомнеж оти со оглед на нејзините достигнувања заслужува да стане членка, а за што ЕУ е искрено заинтересирана, но е попречена од една неприродна ситуација, која никому не му одговара.
|
|
| |
повеќе
|
|
|
 |
 |
| Вести |
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА СОФИСТИЦИРАНА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА 12.05.2011 |
| |
| На Клиниката за радиологија денеска свечено беа пуштени во употреба 128 слајсен компјутерски томограф, дигитален мамограф, радиолошки 4 Д ехо апарат и два рентген апарати, со кои треба да се скратат листите на чекање за снимање на пациентите и да се овозможи врвна дијагностика. Вредноста на новата опрема за Клиниката е околу пет милиони евра.
- Го пуштивме во употреба 128 слајсниот компјутерски томограф, кој е најсовремен во Македонија, во земјите на Балканот. На овој Институт досега имаше само 4 слајсен компјутерски томограф, а најврвниот во приватниот сектор е 64 слајсен.
|
|
 |
| Вести |
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ПРОДОЛЖУВА СО ОБНОВА НА ПРЕСПАНСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ 12.05.2011 |
| |
| Министерството за одбрана во соработка со инженериски единици на АРМ ќе продолжи со обновата на крајбрежјето на Преспанското Езеро, бидејќи тоа го бараат локалната самоуправа, потенцијалните инвеститори и граѓаните, рече министерот за одбрана Зоран Коњановски за време на денешниот престој во Преспа.
Иницијативата и акцијата се мотивирани од успешно реализираниот проект за чистење на плажите и одводните канали на брегот на Преспанското Езеро што го спроведе Владата на Република Македонија.Чистењето на плажите ќе продолжи од Сливница.. |
|
 |
|
|
|
|